(Фото) Перо Антиќ веќе не ја крие своја „понежна половина“ – инфлуенсерката Ристиќ

Поранешниот кошаркар на НБА и сегашен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) Перо Антиќ и инфлуенсерката и специјалистка по маркетинг Сања Ристиќ повеќе не ја кријат својата љубов.

Перо и Сања ја потврдија својата врска преку социјалните мрежи и фотографиите што ги објавија на своите инстаграм-приказни.

Нa едната фотографија и двајцата носат исти новогодишни црвени пижами со мече и зимски капи.

Инаку, Сања е позната уште како мало девојче кога го испеа познатиот хит „Ех, тој Тоше“. Таа до пред неколку месеци беше во брак со ракометарот Дејан Пецаковски со кој има два сина. Перо има три деца од бракот со Ружица, а пред Сања беше во врска со манекенката Катарина Ивановска.