
Експлозија во куќа во Сараево – млад човек загина, две лица се повредени
Едно лице загина, а две се повредени во експлозија и пожар во семејна куќа во сараевската населба Бињеево, соопшти МУП на кантонот Сараево.
Експлозијата се случила синоќа околу 23 часот и 20 минути во семејна куќа, а пожарот што уследил по експлозијата бил локализиран околу 0:30 часот, но се уште не е изгаснат и не се исполнети условите за истрага, пренесува Дневни Аваз.
Во експлозијата едно лице загина, едно се здобило со тешки, а другото полесни повреди, се наведува во соопштението на МУП на кантонот Сараево.