
Стопанска комора: Изборите најмалку пет месеци ќе ја блокираат економијата
Изборите нова главоболка за стопанството. Стопанската комора предупредува дека следниве пет месеци додека трае процесот, државните институции стануваат целосно нефункционални и претставуваат пречка за бизнисот. Оттаму ги повикаа политичките партии да седнат и да се договорат – каде ни оди државата.
Од Стопанската комора, велат дека им останува да чекаат да завршат изборите за да може да преговараат со новата администрација, за која како што велат, мора да се прочистува. Сега, велат, под знак прашалник освен инвестициите, се ставени и инвестиции во нови технологии, отворањето нови пазари, а јавноста се дефокусира од реалните економски проблеми.
Стопанската комора на Македонија, промовираше Центар за микро, мали и средни претпријатија. Целта е да обезбеди поддршка и развој за нивната економска активност.