„Последно збогум, Александар наш Маркс“: Граѓаните се простуваат од Диневски

Граѓаните се опростуваат од Александар Диневски. „Последниот поздрав“ на Гроздан Цветковски го опишува Диневски како Маркс.

П О С Л Е Д Н О З Б О Г У М, Д Р А Г С О Б О Р Е Ц “М А Р К С”!
Последно збогум, Александар Диневски, наш Маркс. Другар и соборец од “осуммината величенствени”!
Сега, горе од небото, продолжи да го поставуваш нашето реторичко прашање од пред три децении: “За што се боревме”? Знам дека одговорот секогаш ќе биде ист: “За ништо”!
Остануваат само нашето другарство, младешки занес и силната верба во подобро утре. Останува нашиот недосонуван сон! Почивај во мир, драг мој Маркс!