„Немаме што да изгубиме“: Ракометната репрезентација на мегдан со Германија

Македонската ракометна репрезентација ечерва во Берлин, против Германија, ќе го одигра вториот натпревар на Европското првенство.

Ова за Македонија ќе биде шеста пресметка со селекцијата на Германија и има скор од четири порази и едно реми.

„Максимално сме спремни и можам да ветам една поборбена и поквалитетна Македонија. Селекторот одлучува како ќе играме против Германија. Наше е да ги спроведеме неговите замисли. Франција е поквалитетна и поискусна од Германија, но Германците секогаш даваат се од себе за репрезентацијата“, изјави Кузмановски.

Германија е фаворит на овој меч, но од таборот на „панцирите“ најавија претпазливост бидејќи знаат дека селекцијата предводена од Лазаров може да ги изненади.