Секој трет жител на Косово ќе избега од земјата по визната либерализација

Во Приштина проценките се дека 28 отсто од жителите на Косово и Метохија во првата половина од годинава ќе емигрираат во земјите од Западна Европа, најмногу во Германија, а нивното заминување најмногу ќе влијае на секторите градежништво, гастрономија, трговија и производство.

Овие проценки ги изнесоа истражувачите на невладиниот институт „ГАП“, во извештајот насловен „Тенденција на иселување од Косово по визната либерализација: Влијание врз работната сила“, анкетирајќи 1.000 луѓе.

„Некои од главните наоди на извештајот покажуваат дека визната либерализација го наоѓа Косово во поинаква динамика од другите области во регионот во време кога им беше понудено слободно движење во ЕУ. Во првата година по визната либерализација за другите области на Западен Балкан, стапката на иселување не беше висока и достигна максимум 2,9 отсто од населението, но тенденцијата за иселување стана многу поизразена во целиот Западен Балкан по 2015 година“, вели Бљенди Хасај, виш истражувач во „ГАП“.

Тој прецизира дека од 2012 до 2022 година од Косово се иселиле над 338.000 граѓани или 18,8 отсто од населението.

„Само во 2022 година се иселиле 41.553 граѓани, а во оваа година активната работна сила е намалена за 21.571 лице, додека неактивната работна сила е намалена за 14.698 лица. Во случај да немаме активирање на неактивната работна сила, која е доста висока, замената на исчезнатата работна сила во моментов е недоволна сила за странските имигранти“, рече Хасај, пренесуваат медиумите во Приштина.

Главните причини што ги наведуваат граѓаните за заминување се економските услови.