Нафтата на светските берзи надмина 115 долари за барел
Пораснаа цените на акциите на азиските берзи. Цената на нафтата за барел, на лондонскиот пазар надмина 115 долари.
И берзанскиот индекс во Австралија скокна, благодарение на растот на акциските цени на големите рударски компании.
Податоците што укажуваат на забавување на растот на кинеската економија, имаа негативно влијание врз берзата во Шангај.
Цената на нафтата продолжи да расте брзо, со оглед на тоа што трговците стравуваат дека идните месеци ќе падне испораката на „црното злато“ од Русија, поради санкциите од Западот, како и повлекувањето на западните нафтени компании од оваа држава.
За барел, цената на лондонскиот пазар порасна за 3.09 отсто, на 116.42 долари. Во еден момент достигна и 118.22 долари, нов највисок рекорд за повеќе од седум години.
На американскиот пазар пак, поскапи за 2.43 отсто, на 113.30 долари.
На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна.
Индексот на доларот, што ја покажува вредноста на американската, во однос на останатите шест најважни светски валути, се движи околу 97.50 поени. Вчера во истото време, изнесуваше 97.43 поени.
Курсот на еврото се движи блиску до најниските нивоа од мај 2020 година.