Втора рунда преговори меѓу Москва и Киев е закажана за денес, фокусирана на прекин на огнот, една недела по руската инвазија врз Украина.
Шефот на руската делегација – Владимир Медински изјави дека украинската страна е на пат. Двете страни се договорија да разговараат во регионот Брест, во западна Белорусија, а руската војска планира „безбедносен коридор“ за да ѝ дозволи на украинската делегација да помине.
Украинската страна потврди дека се согласила на разговор, без да прецизираат детали.
Украинското Министерство за надворешни работи, сепак, побара од Русија да прогласи прекин на огнот во тешко погодените источни региони на Харков и Суми за да им се овозможи на цивилите да дојдат на безбедна локација.
Првите преговори во понеделникот на белоруско-украинската граница не донесоа опипливи резултати.
Рускија вчера продолжи да ја напаѓа Украина, а утрово имало и неколку експлозии во Киев, по што се огласиле сирени за воздушен напад.