Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел денеска се повлече од политичката група, која е тесно поврзана со нејзината централнодесничарска партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ).
Претседателот на Фондацијата Конрад Аденауер (КАС), Норберт Ламерт, се обиде да ја убеди Меркел да се кандидира за бордот на организацијата на крајот на летото, но таа не само што ја одби понудата, туку и целосно го напушти телото поврзано со ЦДУ, објави Брисел Политико.
„Едноставно ја надминав оваа улога“, рече Меркел, според блиски луѓе, а пренесува германскиот весник „Шпигел“.
Откако беше канцелар 16 години, Меркел се повлече од политиката во 2021 година.
Наместо тоа, таа рече дека ќе се обиде да се фокусира на спиење и читање.
Порталот наведува и дека таа ќе остане членка на Христијанско-демократската унија.