По номинацијата од ДУИ, се огласи Џафери: Функцијата премиер ќе ја извршувам одговорно

Откако денеска раководството на ДУИ го номинираше претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери за премиер на техничката Влада во последните сто дена пред парламентарните избори, преку видео-порака се огласи Џафери.

Ми претставува особена чест доделената доверба од партиските органи за номинација на наредната функција – технички премиер во Владата во последните 100 дена, рече Џафери во пораката.

„И оваа функција со должно почитување и соодветна одговорност ќе биде спроведена од моја страна како одговор на поддршката искажана од партиските органи, а пред се и од граѓаните на Република Северна Македонија“, порача Џафери.

Денеска ДУИ донесе и одлука Фатмир Бесими да го предводи изборниот штаб на партијата. Лидерот на ДУИ; Али Ахмети е овластен да ги продолжи разговорите со политичките партии и да одлучува за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори.