ДУИ одлучи Талат Џафери да биде технички премиер, па нов собраниски спикер треба да стане Јован Митрески од СДСМ, кој би бил и привремен претседател доколку се искомплицира изборот на нов шеф на државата.
Како компензација за изгубеното премиерско место неофицијално на местото на Џафери во Собранието ќе седне досегашниот координатор на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески. За ова премиерот веќе разговарал со Митрески, кој во моментов е во Франција, на процесот Жан Моне, и тој се согласил да го замени Џафери
Премиерот синоќа во интервју не можеше да потврди кој ќе биде технички премиер. Не откри ниту дали ќе настапат само со своите традиционални партнери или во коалиција со ДУИ и Алијанса за Албанците.
ДУИ, пак, го овластиле претседателот на партијата да продолжи со разговорите со политичките партии и да одлучува за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори. Шеф на Централниот изборен штаб ќе им биде министерот Фатмир Бесими.