Американската филијала на „Грин Машинс“ од Велес – на саемска конференција во Шарлот, САД
Минатата недела американската филијала на „Грин Машинс“ од Велес, активно учествуваше на конференцијата организирана од најголемата северно-американска асоцијација од областа на „свипинг“ индустријата, NAPSA (North American Power Sweeping Association), фокусирана на најсовремените производствени решенија на возила наменети за одржување на хигиена на надворешни површини.
„Грин Машинс“ беше застапена преку спонзорирање на настан во рамките на грандиозниот саем „National Pavement Expo“ кој што се одржа од 23-ти до 25-ти февруари.
„Во конгресниот центар Шарлот во САД, реализиравме средби со потенцијални купувачи, што за нас би значело успешно позиционирање на американскиот пазар. Застапеноста на логото на „Грин Машинс“ на штандот на NAPSA, чија членка сме и ние, за нас е од посебно значење,“ велат од „Грин Машинс“во САД.
Членовите на NAPSA, во име на сопствениот професионален раст, споделуваат знаења и искуства со стотици професионалци, придржувајќи се до сите етички кодекси се со цел подобрување на животната средина.
На интерактивната конференција, повеќе од 300 посетители имаа прашања за компаниите – производители, со што „Грин Машинс“ одговарајќи на истите докажа дека е во чекор со брзоеволуирачките технолошки трендови.
Токму во Шарлот, место за кое се вели дека треба да бидете видени , културен и економски центар на најбрзорастечката област во земјата . Шарлот е најнаселениот град во американската сојузна држава Северна Каролина и вториот по големина банкарски центар во Соединетите Држави.