Володимир Зеленски – украинскиот претседател им се обрати на европратеници на вонредна пленарна седница на Европскиот Парламент и побара од ЕУ да ја докаже својата заложба за европска Украина.
Преку видео врска од Украина, Зеленски изјави дека сака од европратеницита да слушне дека го поддржуваат украинскиот проевропски избор. Украина вчера поднесе официјално кандидатура за членство во ЕУ.
„Сакаме да бидеме еднаква членка во Европа, верувам дека покажуваме дека сме тоа, ЕУ ќе биде многу посилна со Украина, а Украина без ЕУ ќе биде осамена. Ја докажавме нашата сила, и дека во најмала рака сме исти како и вас, така што сега докажете дека сте со нас, дека нема да нѐ напуштите, докажете дека сте навистина Европејци“ – порача претседателот Зеленски.