Јенс Столтенберг – генералниот секретар на НАТО изјави дека рускиот претседател Владимир Путин со инвазијата врз Украина „го уништи мирот во Европа“.
„Претседателот Путин го уништи мирот во Европа. Сојузниците ја осудуваат неоправданата и брутална инвазија врз Украина. Рускиот напад е целосно неприфатлив и е помогнат од Белорусија“ рече Столтенберг.
Столтенберг посочи дека Алијансата „ќе ја брани секоја педа од територијата“.
„Нашата посветеност на членот 5, нашата клаузула за колективна одбрана, е цврста. Ќе ја браниме и браниме секоја педа од територијата на НАТО“ – потенцира Столтенберг.
Тој додаде дека „НАТО не бара конфликт со Русија и се залага за дипломатско решение на конфликтот во Украина“.