(Видео) Димовски: Најголем проблем во Македонија се црните пари и сивата економија

За тековните политички прашања, економски теми, дипломатија, односите со Бугарија, евроинтеграцјата, и сличните теми вечерва во „Трилинг“ разговараме со Владо Димовски – професор на Универзитетот во Љубљана.

На почетокот на интервјуто со професорот дискутиравме за економскиот раст, македонската економија и светот по Ковид кризата.

Мислам дека сега е период кога се дефинираат нови светски поредоци, започнува Димовски.

Околу задолжувањето на Македонија Димовски повикувајќи се на своето искуство кога работел како совентник на Зоран Заев вели дека бројките во статистиката не се реални кај нас. Тој вели дека тоа се должи на многуте црни пари и сивата економија во Македонија.

Многу се работи на црно. Многу од активиностите во црната економија, во сивата зона ги нема. Таму има многу активности, а тие не се зафатени со бројките на статистиката. Има многу производство во сивата зона, а таму нема фискални сметки. Мора да се работи на формалниот дел за да имаме вистински бројки. Сите одлуки мора да се базираат на некакви бројки, вели Димовски.

Димовски заклучува дека бројките во статистика не се вистинити, а според него Македонија по Преспанскиот договор има отворен пат за нова економска структура.

Професорот вели дека државата треба да се насочи кон технологија, а овде има многу претпреимачи кои работат за себе.

Проблемот со корупцијата нема да се реши преку ноќ, вели Димовски по новинарско прашање за лошите оцени од ЕУ кон Македонија.

Според професорот кој има зад себе големо искуство вели дека нашата држава мора да се насочи повеќе кон технологијата.

Во процесот на влегување на ЕУ професорот смета дека мора да има договор со Бугарија, а за договорот треба и двете страни да прифатат одредени „невкусни“ работи.

Тој го објаснува своето искуство дека бил дел од словенечката влада кога Словенија влегувала во ЕУ. Поентира дека тоа е долг процес.

Целото интервју со професорот Владо Димовски може да го погледнете во продолжение: