
Годишнината на ОБСЕ не треба да се слави поради деградацијата на полето на безбедноста, економијата и човечките права, а говорот на колегите министри на Самитот во Скопје е доказ дека западните политичари не ја научиле лекцијата.
Ова го порача првиот човек на руската дипломатија Сергеј Лавров на прес-конференција на Самитот на ОБСЕ во Скопје.
– Во економската сфера се беше уништено од санкциите од ЕУ и САД, да не зборуваме за човековите права. За Украина немаше реакции од Западот при спроведувањето на нејзинатавоена операција против Русите во Донбас од 2014 година, ниту санкции од Западот додека Украина не го признаваше Крим и Донбас. Лидерите на Западот ги игнорираат основните принципи на организацијата ОБСЕ. Македонскиот претседавач Бујар Османи промовираше многу добар слоган, Се работи за народот, но вчера за време на работниот ручек им кажав на колегите, верувам дека се работи за луѓето, но на сите луѓе од земјите од ОБСЕ. Тие се загрижени само за луѓето за кои имаат интерес. Да бидам искрен, јас сум свесен од резултатот на оваа мала борба, самитот е за одредена група на луѓе, не за сите граѓани – рече Лавров на прес конференцијата.
Пред средбата имаше информации дека Русија е изолирана во ОБСЕ, но Лавров рече дека тој пристигнал, но другите го одбегнале Самитот за да не се соочат со него.
– Блинкен го одбегна митингот, а јас сум тука, не го видов тука, но Захарова ми покажа две различни фото во македонските весници. Првата од синоќа кога сите дојдоа на вечера, тие се сликаа со Блинкен и тоа го направија да кажат дека сите дојдоа освен Лавров. Од вчера од утринската сесија на која бев и јас, на сликата немаше украински министер, немаше полски, Тие се кукавци се плашеа од разговори тука пред сите. Ова е кукавичлок, поминаа две години од оваа војна и видовме дека никој немаше аргументи за војната“ рече тој.