(Видео) Лавров пристигна во салата Борис Трајковски и ги одмина новинарите

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров пристигна на министерскиот совет на ОБСЕ, кој официјално почнува денеска во Скопје во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

На состанокот учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнер.

Тој при влезот ги одмина новинарите. Беше протоколарно спроведен, а новинарите имаа десетици прашања за него. Лавров, ги одмина микрофоните и влезе во салата, каде претходно пристигнаа најголем дел од делегациите. Пред влезот, се поздрави со министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Потоа, се упати во салата.

Лавров го има статусот на „ѕвезда“ бидејќи повеќе делегации, меѓу кои украинската, откажаа присуство на Самитот поради неговото присуство. Во последен момент кажа дека ќе лета за Македонија. Имаше и проблем со прелетот, бидеќи во авионот со него имаше делегат за кого земјите од ЕУ имаат донесено забрана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Скопје1 / Skopje1 (@skopje1mk)