
Полициски службеници на СВР Тетово, синоќа, околу 20.10 часот ја лишиле од слобода 46-годишната А.А. од тетовско Брвеница.
Таа претходно била пријавена од 47-годишниот И.Б. од тетовско Слатино дека во тетовската Клиничка болница, каде што била вработена, неовластено ја снимила неговата сопруга, која била хоспитализирана на едно од одделенијата.
Снименото видео потоа го објавила на социјалните мрежи.
Задржана е во Полициската станица-Тетово за расчистување и документирање на случајот, соопштија од полицијата.