Софија и Атина во преговори за изградба на нова нуклеарна централа во Бугарија
Асен Василев – бугарскиот вицепремиер и министер за финансии изјави дека Софија и Атина почнуваат преговори за изградба на нова нуклеарна централа во Бугарија што ќе ја користи Грција според долгорочен 20-годишен договор.
Според него, дејствијата ќе бидат преземени многу брзо, под услов да има купувач за произведената струја.
Бугарија веќе учествува во терминалот за течен гас во Александрополис, рече Василев, додавајќи дека Софија е во преговори со Атина и има поддршка за Бугарија да учествува во самото пристаниште, за да има трговски излез кон Егејското Море.
Вицепремиерот посочи и дека Грција и продаде 40 отсто од дополнителниот гас на Бугарија, што не го користи и покрај тоа што нејзиниот енергетски систем е на гас.