По наводите за политички притисоци телефонски разговор меѓу Георгиев и Адеми, тие ќе имаат средба в понеделник. Претседателката на Врховен ќе реферира пред Судскиот совет за наводните притисоци – аболицијата на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов да се смета за важечка.
Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев телефонски разговарал со Беса Адеми, а работна средба закажал за в понеделник.
-Во последните неколку дена во медиумите се објавени повеќе написи за политички притисоци врз судиите на Врховниот суд, реакции на политички партии, како и интервјуто на претседателката на овој суд, Беса Адеми, сметаме дека е неопходно да ја информираме јавноста дека евентуалното вршење на притисоци од било каков вид судиите, е недозволиво и крајно загрижувачко, велат од Судскиот совет.
Средбата Георгиев – Адеми доаѓа откако амбасадорката на САД во земјава, Агелер го посети Врховен. Средбата, како што пишуваа дел од медиумите, била по барање на судии кои се пожалиле на притисоци. По средбата, Агелер во изјава за Сител рече дека мешањето на приватни лица или функционери во судските процеси не смее да се толерира. Надворешните влијанија, според неа, ја нарушува вербата на јавноста во македонските институции.
Адеми во интервју за порталот СДК.МК вели дека политиката секогаш има потенцијал да користи влијанија на различни начини.
– Познато е и дека вмешувањето на политиката во судството во нашата држава е присутна појава и тоа е веќе нотирано како проблем кој ја нарушува неговата независност. Факт е дека не се почитува уставното начело на поделба на власта. Постојат ситуации на обиди за директно мешање на политиката и на другите власти, поради реализација на агенди кои не се во корелација на владеењето на правото и на надлежностите на судската власт. Но ние како Врховен суд и како највисок суд во државата не дозволуваме и не смееме да дозволиме преку таквите обиди да се наруши независноста на судството и со тоа да падне неговиот углед, вели Адеми во интервјуто за СДК.МК.
Врховен веќе одлучи дека аболицијата на Иванов е неприменлива.
Правосудството во континуитет има најниска доверба кај граѓаните. Тоа доведе до критики од холандскиот амбасадор, евроамбасадорот Гир, а последните реакции дојдоа по донесувањето на измените во Кривичниот законик што се причина за застарување на предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство.