Ирскиот премиер: Нападите на Израел се повеќе личат на одмазда

Ирскиот премиер Лео Варадкар повторно ги критикуваше операциите на Израел во Газа, велејќи дека тие се повеќе изгледаат како одмазда.

„Цврсто верувам дека Израел има право да се брани, има право да го нападне Хамас. Но, тука не се работи само за самоодбрана. Ова сè повеќе личи на одмазда“, рече Варадкар денеска за државното радио РТЕ, пренесува Гардијан.

Ирскиот премиер веќе кажа дека Израел има право да се брани, но дека нема право да прави зло. На почетокот на бомбардирањето на Газа рече дека тоа личи на колективна казна.