Девојка (18) убила 30-годишен маж синоќа во Нови Сад, во куќа во населбата Подбара, потврдено е за Нова.рс.
Девојката го избодела мажот со нож.
Како што се дознава од извор близок до истрагата, таа се криела по убиството, но набрзо била пронајдена и уапсена по брзата реакција на полицијата.
Мотивите за ова убиство засега се непознати, а истрагата е во тек.