За експертите Никовски и Филипов пораките од Фон Дер Лајан се очекувани: Притисок за уставни измени

Поранешните амбасадори Ѓорги Филипов и Ристо Никовски пораките на Фон Дер Лајен ги сметаат за очекувани. Според нив, таа извршува притисок кон опозицијата за гласање уставни измени, а Филипов потенцира дека ова е последен повик да се качиме во авионот кој полетува.

Денешните пораки на Фон дер Лајен, според Ристо Никовски пак не се ништо ново туку уште еден жесток притисок од Брисел за уставните измени и реафирмација на политиките на ЕУ – да го држат отворено прашањето за проширување, но без конретни ветувања за евроинтеграциите на земјава.

– Оваа посета мора да се гледа како една манифестација на интересите на Брисел кои се неспорни и жесток присток да продолжиме со уставните промени кои ништо нема да сменат, а за возврат ќе добиеме некакви финансиски компеназиии и ние и другите земји кандидати за членство, кои во крајна линија нема ништо да променат. Во дадените услови кога имаме длабока поделба и конфронтација меѓу Македонците околу промена на Уставот кои се надвор од умот, сосема непотребни и срамно барање на Брисел, тоа што не се сретна со опозицијата е еден суптилен и жесток притиоск врз нив и најава за нивно де факто изолриање. – Ристо Никовски, поранешен амбасадор

Повикот, според Ѓорги Филипов, јасно е упататен до сите политички чинители дека од одлуката за уставни измени ќе зависи иднината на Македонија, иако како што вели не е убеден, дека ќе го даде потребниот ефект. Но, потенцира дека ако авионот се пропушти сега – нема да има повторен повик.

-Оваа посета ја сметам како последен повик кога патувате некаде па на звучници се слуша дека ви викаат дека е време да се влезе во авионот лета кон ЕУ. Упати последен повик до патнците. Македонците граѓаните веќе имаат билет и дозвола, но уште треба да ја поминат контролата која ќе провери дали се исполнети сите потребни услови за продолжување на патувањето кон Европската унија, кое би требало да заврши до 2030 година. – Ѓорги Филипов, поранешен амбасадор