Македонскиот писател Петар Андоновски кој на пошироката јавност е познат по својот роман „Страв од варвари“ со кој беше добитник на Европската награда за литература и романот „Лето во кое те нема“ вечерва гостуваше во „Трилинг“.
Македонската книжевност е преполна со тие историски наративи. Голем дел од лектирите доаѓаат токму од тука. Напишани се многу убави романи на овие теми, но доколку повторно пишуваме на историски теми да пишуваме поинаку како што Блаже Миневски направи за љубовта на Гоце Делчев, започнува Андоновски и вели дека не треба во секој роман да се брани само националното чувство во нашите книги.
Тој објаснува и за книгата „Не кажувам“ и ја објаснува тематиката за која се пишува.
Власта се сеќава на граѓаните само кога им треба поддршка, а инаку, најчесто додека се на власт, граѓаните не постојат. Тоа е лицемерие, вели Андоновски.
За Шарената револуција тој вели дека по 7 години е разочаран.
Сето она за кое се боревме тогаш, влеговме многу ентузијастички, но за жал се покажа дека верувањето каде ќе владее правдата и ќе има слобода, бевме со некакви очекувања, но тоа на крајот излезе дека не е никаква револуција, туку борба на власт на одредени луѓе, потенцира Андоновски.
Тој раскажува за неговата релација со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и општо за македонската култура.
Култура во Македонија постои благодарение на поединци ентузијасти. Романот за кој зборувавме претходно не беше финансиран од Министерството за култура. Пред некој ден се сретнав со една позната актерка и ми кажа дека филмови не се снимаат бидејќи нема пари. Книги тие што се финансирани од министерството за култура ако се помали можеби и ќе бидат покриени трошоците, но за поголема книга тешко дека може да ја покријат сумата. За која култура зборуваме?
За состојбата во ДПМ Андоновски даде свој коментар.
Јас долги години одбивав да влезам во друштвото, вакво какво што е не гледам зошто некој би бил член. Она што го направија Петрески и Николовски е тоа што се обидоа и тоа малку достоинство што го имаше друштвото да го уништат, заклучува Андоновски.
Андоновски вели дека ДПМ мора да биде модернизирано и да биде еден вид синдикат за писателите.