Украинскиот фудбалер Зинченко до Путин: Чудовиште, се надевам дека ќе умреш!
Влијателните спортски имиња во Украина со реакција по нападот на нивната татковина од страна на Русија. Се чини прв меѓу критичарите беше фудбалерот на Манчестер Сити – Александр Зинченко.
Тој на својот Инстаграм профил објави брутални зборови до претседателот на Русија – Владимир Путин.
„Се надевам дека ќе умреш во болки и ќе патиш, чудовиште“ – напиша Зинченко.
За краток период, објава на Зинченко беше избришана, а според англиските медиуми, платформата Инстаграм ја тргнала објавата на фудбалерот кој јавно порача дека е против војна.
„Целиот цивилизиран свет е загрижен за ситуацијата во мојата земја. Не можам да останам на страна и да не се обидам да го пренесам мислењето. Границите мора да останат непроменети. Мојата земја им припаѓа на Украинците и никој нема да може да ја присвои. Нема да се откажеме. Слава за Украина“ – напиша Зинченко.
И легендата на украинскиот фудбал, Андриј Шевченко порача дека Украина и нејзиниот народ сакаат мир!
„Украина е мојата татковина! Секогаш бев горд на мојот народ и на мојата земја! Поминавме низ многу тешки времиња, и во овие 30 години се оформивме како нација! Нација на искрени, работливи и слободољубиви граѓани! Тоа е најважното што го имаме!, рече Шевченко, споделувајќи слика од мапата на Украина и нејзиното знаме и грб.
Во следната порака, Шевченко рече дека Русија започнала целосна војна против Украина.
„Мојот народ и моето семејство се во опасност. Украина и нејзиниот народ сакаат мир и територијален интегритет“.