Мета: Албанија е со Украина во овој мрачен час!
Албанскиот претседател Илир Мета на социјалните мрежи реагираше го осуда за нападот на Русија на Украина. Напиша „со Украина во овој мрачен час“ и ја повика Русија да ги прекине воените дејствија против територијалниот интегритет и суверентет на Украина.
„Албанија го осудува неоправеданиот напад на Русија врз Украина, кршејќи го меѓународното право и загрозувајќи г животите на невините цивили. Ја повикуваме Русија да се повлече од воената акција против територијалниот интегритет и суверенитет на Украина! Албанија стои до Украина и нејзиниот народ во овој мрачен час“ – напиша Мета.
На последните случувања прв реагираше премиерот Еди Рама кој преку објава на Твитер напиша дека Албанија се придружува на сојузниците на НАТО и на Европската унија и оти мислите и молитвите се со украинскиот народ.