Мицотакис свика вонреден состанок на Советот за национална безбедност
Премиерот на Грција – Киријакос Мицотакис закажа вонреден состанок на владиниот Совет за национална безбедност.
Министерот за надворешни работи Никос Дендиас ја прекина посетата на Африка, па се враќа во Грција.
Од кабинетот на Мицотакис соопштија дека на состанокот во премиерската палата ќе присуствува и министерот за животна средина и енергија – Костас Скрекас.