Македонски Бугари на прием кај Кирил Петков

Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера имаше средба со организации и здруженија на Бугари во Македонија. Тој рече дека нивните права му се приоритет, нему и на целата бугарска влада.

Средбата се одржала на нивна иницијатива, а премиерот Петков ја претставил последната информација за текот на преговорите меѓу Бугарија и С. Македонија, во чиј фокус е вклучувањето на Бугарите во Уставот на С. Македонија.

Петков ја запознал делегацијата за неговите разговори со партнерите од Европската Унија во однос на евроинтеграцијата на Западен Балкан.

Претставниците на македонските Бугари изјавиле дека веруваат во новиот пристап инициран од бугарската Влада, затоа што се убедени дека проблемите може да се решат единствено со дијалог.