Доналд Трамп – екс американскиот претседател го обвини својот наследник Џо Бајден за лошото управување со украинската криза и излезе со тврдење дека Владимир Путин „никогаш немаше да постапи вака“ доколку тој беше во Белата куќа.
„Доколку се управуваше правилно, нема апсолутно никаква причина воопшто да се случи тоа што денеска го гледаме. Добро го познавам Владимир Путин и никогаш не би го направил тоа што го прави сега за време на администрацијата на Трамп. Не доаѓа предвид!“- рече Трамп.
Американската опозиција ја критикуваше блискоста на Трамп, за време на неговиот мандат, со претседателот Путин.
Американскиот милијардер кој размислува за повторна кандидатура за Белата куќа оцени дека „се слаби“ санкциите што ги воведе администрацијата на Бајден против Путин за блиски до него поединци и организации.
„Тие се незначителни кога се споредуваат со окупацијата на една земја или стратешки области. Не само што Путин го постигнува тоа што отсекогаш го сакал, туку и станува побогат благодарение на зголемените цени на нафтата и гасот“ – рече Трамп.