Одлуката за признавање на независноста на Народните републики Доњецк и Луганск ќе биде донесена в понеделник. Ова денеска го изјави рускиот претседател Владимир Путин по состанокот на Советот за национална безбедност.
Рускиот премиер Михаил Мишустин изјави дека владата веќе неколку месеци се подготвува за последиците од конечното признавање на ДПР и ЛПР.
„Мислам, пред сè, на отежнување на увозот и на анализата на сите ризици со кои може да се соочиме доколку се донесе таквата одлука“ – рече Мишустин.
Премиерот го поддржа предлогот да се признае независноста на ДПР и ЛПР, доколку нема напредок во преговорите.
Лидерите на двете самопрогласени републики денеска испратија писмо до Путин во кое бараат Русија да ја признае нивната независност.
Зборувајќи на денешниот состанок на рускиот Совет за безбедност во Москва Путин изјави „ние веруваме дека тоа не е отстапка за нас“.
Русија сака да спречи нејзината соседка да се приклучи кон НАТО и ги повика Алијансата и владата на САД да обезбедат писмени безбедносни гаранции.
Западот ги отфрли барањата на Москва. Русија ги повика САД да ги повлечат своите сили од Централна, Источна и Југоисточна Европа и балтичките земји.