(Видео) Навивачите на Ајакс го прекинаа дербито со Феенорд

Во Холандија денес се играше дербито помеѓу Ајакс и Феенорд кое при резултат 0:3 на гостите беше прекинато поради инцидент од домашните навивачи.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
За првпат во историјата Феенорд водеше против Ајакс со три гола по првото полувреме и ова беше вистинско понижување за гигантот од Амстердам.

Навивачите на Ајакс очигледно не можеа тоа да го поднесат, па почнаа да фрлаат факели на теренот и да беснеат по стадионот, па судиите го прекинаа натпреварот по десет минути во второто полувреме.