Демонстрации во Ереван – полицијата приведе 21 демонстрант

Ерменската полиција приведе 21 демонстрант во Ереван и на автопатот Ераш – Ереван, како што соопшти тамошното Министерство за внатрешни работи за агенцијата ТАСС.

Деветнаесет лица се уапсени во Ереван, додека две лица се приведени на автопатот Ераш.

Дел од демонстрантите се уште се спроти владата, но, како што јавуваат локалните медиуми, ситуацијата засега е мирна.

Инаку, протестите во Ереван не престануваат од вторникот, кога азербејџанската армија започна антитерористичка операција и влезе во регионот Нагорно Карабах, кој е под контрола на ерменските сепаратисти.

Главното барање на насобраните е оставка на ерменскиот премиер Никол Пашинјан, кој го призна Нагорно Карабах како составен дел на Азербејџан.