„Сè укажува дека Русија планира целосен напад“ на Украина“ изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг синоќа во Минхен.
„Сите се согласуваме дека ризикот од напад е многу голем“ – изјави тој.
Претходно неименуван претставник на Алијансата изјавил дека НАТО го префрлил својот персонал во Украина, од Киев во Лвов, во западниот дел на земјата, и во Брисел, за да ја осигура нивната безбедност.
„Безбедноста на нашиот персонал е најважна, така што персоналот е преместен во Лвов и Брисел. Канцелариите на НАТО во Украина остануваат оперативни“ – рекол претставник на НАТО, без да го прецизира бројот на персоналот.
Неколку западни земји веќе ги префрлија своите дипломати од Киев во Лвов, град во близина на границата со Полска, во очекување на можна руска воена акција.