Во Македонија има 7.859 активни ковид случаи, меѓу кои новодијагностицираните се 156.
МЗ соопшти и за 10 починати лица со што вкупниот број за починати се искачи на 7.242.
Од почетокот на епидемијата во земјава има 206.233 ковид-позитивни, а оздравени се 191.132 пациенти.
Министерството за здравство информира дека со две дози се вакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани.
Досега трета доза вакцина примиле 43.376 граѓани.