Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, вели дека се невистина информациите дека се укинуваат посебните средства за лицата со Даунов синдром. Таа апелира до медиумите за вистинско информирање за тоа што се случува.
„Не е укинато ниту едно право на лице, односно дете со попреченост. Напротив се воведуваат и нови услуги, правата продолжуваат и понатаму и се зголемени во својот износ“,изјави Тренчевска за МИА при денешното доделување на лиценца за работа на Центарот за дневен престој на деца со попреченост во Струмица.
Таа додава дека единствено осум деца од вкупно 121, кои немале комплетна медицинска документација и кои при посетата на соодветната комисија за проценка добиле негативен наод, но, веќе е стапено во контакт со тие деца и со комисијата и ќе се направи повторен увид за да се даде повторно оценка и наод, рече Тренчевска.
Според неа, лани биле направени измени во Законот за детска заштита со кои се зголемени правата на децата кои примаат посебен детски додаток за 15 отсто, а од јануари годинава сите права од детска заштита и социјална заштита се зголемени за 14,2 отсто.
Тренчевска вели дека со новите услуги кои се отвораат за децата со попречност, покрај правата кои им следуваат, во повеќе градови низ државата има дневни центри за деца со попреченост и се отвораат центри за индивидуален третман на овие деца, а во Скопје има Специјален центар за децата со Даунов синдром и во сите центри се даваат бесплатни услуги од дефектолог и логопед токму на децата со Даунов синдром.
Денеска и премиерот Димитар Ковачевски демантираше дека е укинат додатокот од 6.000 денари за дел од децата со Даунов синдром велејќи дека се работи за чиста шпекулација и невистина.
„Прво, Комисијата одлучува за помош на лица кои што имаат Даунов синдром меѓутоа и други попречености. Оние лица само со Даунов синдром добиваат помош која што се однесува за нив, а оние што имаат и друга попреченост покрај Даунов синдром, тие добиваат дополнително за другите попречености. На никого ништо не му е укинато, дури Владата докажа дека лице со Даунов синдром може да учествува во работата во општествениот живот. Јас имам советник-лице со Даунов синдром кое што одлично си ја врши работата. Нема никакво укинување на помошта“, кажа премиерот како одговор на новинарско прашање.
Родителите низ изјави во медиуми од вчера велат одбиени за посебен додаток се дел од лицата со Даунов синдром, и тоа најмалите