Во Минхен, на маргините на безбедносна конференција, се сретнаа македонскиот премиер – Димитар Ковачевски и премиерот на Бугарија, Кирил Петков.
„Двајцата премиери ја оценуваат како позитивна работата на експертските групи и остварената непосредната комуникација и секторската соработка како ефективен метод за продлабочување на односите и подигање на нивото на политички дијалог, и изразија надеж дека соработката и дијалогот носат најголеми придобивки за граѓаните и водат до решенија и до заедничка европска иднина“ – информираа од владината-прес-служба.
На средбата присуствуваа и заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Присутните изразиле задоволство од процесот на динамизирање на билатералната соработка преку реализацијата на концептот на работни групи и конкретните активности и предлози кои до сега произлегоа од нивната работа.