
Нејмар стана најдобриот стрелец на Бразил на сите времиња откако го помина рекордот на Пеле, Бразилците со 5-1 ја совладаа Боливија.
Беше само прашање на време кога Нејмар ќе го сруши рекордот на Пеле бидејќи пред синоќешниот меч и двајцата имаа по 77 голови за Бразил.
На вчерашниот меч со Боливија, Нејмар постигна два гола во победата од 5-1, дојде до бројка од 79 голови за националниот тим и сега тој ја води листата за најдобри стрелци во историјата на Бразил.
Двоен стрелец синоќа беше и Родриго, еден погодок беше дело на Рафиња.