
Нејмар: Арапското првенство е можеби посилно од Лига 1
Трансферот на Нејмар од Пари Сен Жермен во Ал-Хилал беше една од бомбите на летниот трансфер рок. Овој клуб долго бараше мега ѕвезда за својот напад по бројните силни аквизиции, па на крајот им појде од рака да го доведат Нејмар.
Бразилскиот напаѓач за медиумите зборуваше за првенството. Тој смета дека по доаѓањето на многуте ѕвезди, Саудиска Арабија има дури посилна лига од Франција.
„Фудбалот во Саудиска Арабија е ист како секаде. Топката е круг како и во сите останати земји. Кога ќе ги согледате сите имиња во лигата, таа можеби во моментов е посилна од француското првенство. Сите кои се противат на арапската лига наскоро ќе почнат да ја следат. Сакам да освојувам трофеи со Ал Хилал. Не ми е важно што зборуваат. Ми зборуваа дека француската лига е слаба, но таму ми беше најтешко да играм. Ова ќе биде интересно првенство и се надевам сите ќе го следат. Не верувам дека ќе ми биде тешко да се навикнам. Не зборувам арапски, но ниту по пет-шет години во Франција не го знаев јазикот“, изјави Нејмар.