Владата ја донесе, па ја повлече одлуката Бесмира Ејупи да биде генерален кознул во Њујорк.
По вчерашните информации дека токму името на тв презентерката било посочено дека ќе ја извршува функцијата конзул во САД, денеска официјалните информации од власта се дека местото за генерален конзул во САД е пополнето од професионален дипломат.
„Во моментов генерален конзул во Тотова (Њу Џерси) е Јордан Панев, кој е дипломат од кариера и е избран согласно сите законски прописи. Тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена“ – соопштија од МНР.
И првиот вицепремиер Артан Груби ја отфрли како шпекулација информацијата дека Ејупи ќе биде конзул
Реагираа од опозицијата. Го обвинија шефот на дипломатијата Бујар Османи дека го нарушува угледот на државата.