
Ноќеска по полноќ во кафана во Младеновац е убиен 47-годишник.
Според првичните информации, тој бил убиен кога бил удрен со шише, најверојатно по тепачка во кафеана, пренесува 192.рс.
Порталот Телеграф.рс наведува дека убиенот е извесен Д.А.(47).
Според нивните информации, тој до смрт бил претепан во ресторан.
Бил претепан од група од неколку мажи. Наводно, еден од напаѓачите го удрил со шише во главата, по што Д.А. починал.