Русија: Напад со дрон на железничката станица Курск, евакуирани 50 патници

Гувернерот на Курската област, Роман Старовојт изјави дека во ноќниот напад на украинскиот дрон на железничката станица во Курск биле оштетени покривот, фасадата и едната платформа, а 50 патници кои биле во зградата во моментот на нападот беа евакуирани.

Од петте полесно повредени од урнатините, две одбиле лекарска помош, а три лица се испратени на преглед во болница и веќе се пуштени, соопшти Старовојт.

„Сега се елиминирани главните последици од синоќешниот напад на украинско беспилотно летало на железничката станица Курск. Пожарот е изгаснат во 3 часот и 46 минути. Оштетени се покривот, фасадата и првата платформа“, напиша Старовојт на „Телеграм“.

Тој додаде дека има оштетувања во чекалната и во пешачкиот тунел и дека санирањето на тие штети ќе започне што е можно поскоро, пренесува Интерфакс. Тој претходно објави дека украински дрон паднал на покривот на зградата на железничката станица во Курск, а потоа избувнал пожар.

Курск е град во западниот дел на Русија, на границата со Украина.

Нападот на железничката станица предизвикал пожар кој бил локализиран и изгаснат неколку часа по инцидентот.

Гувернерот Старовојт најави дека во најбрз можен рок ќе започне санирањето на штетите.

Покрај покривот, фасадата и платформата, во нападот се оштетени и чекалната и тунелот за пешаци.