Серија силни земјотреси во Унгарија

Унгарија утрово нешто пред 4 часот беше погодена од земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот е регистриран во 3 часот и 52 минути, а епицентарот бил во близина на Сарваш, пренесува Index.hu, јави Танјуг.

Малку подоцна, во 5 часот и 13 минути следеше земјотрес со јачина од 3,5 степени.

Сеизмолошката опсерваторија соопшти дека на тоа подрачје се очекуваат афтершокови.