(Видео) Расположен и во добра кондиција: Али Ахмети се фати на оро

Додека се шпекулираше дека Али Ахмети можеби имал здравствени потешкотии, тој на свадба кај семејството Буши се фати на оро. Расположен и во добра кондиција, лидерот на ДУИ во едно несекојдневно расположение ги покажа своите перформанси.

Првиот човек на интегративците беше меѓу гостите на семејната прослава во семејството Буши. Во еден момент се фати да игра и тоа го правеше прилично темпераментно како што може да се види од видео снимката која кружи на социјалните мрежи.