
„Мораме да ги надминеме политичките разлики и да се обединиме околу започнување на преговороите, што ќе ни помогнат да спроведеме суштински реформи потребни за сите граѓани“ порача денеска претседателот на државата, Стево Пендаровски во своето обраќање на одбележувањето 31 година од формирањето на Македонската армија.
Тој побара да се угледаме на Армијата, да ги збиеме редовите и здружено да се посветиме на интересот на оваа и сите наредни генерации – европска Македонија, безбедна, стабилна и просперитетна.
„Армијата е чувар на се она што го држи македонското општесто заедно. Со таквото однесување, припадниците на Армијата не потсетуваат сите нас, на нашата одоговорност да се грижиме за општото добро, а тоа е опстанокот на нашата заедничка Република“ – рече Пендаровски.
Според него, поради културата на неказнивост, корупцијата, непотизмот и крииминалот станаа најголема закана за општото добро.
„Често сме опседнати со теснопартиски цели и лични интереси. Во вакви услови, да се врати општото добро во центарот на јавниот живот е тешка, но не и невозможна мисија. Ја имаме поддршката од граѓаните, но и многу од нашите странски пријатели“ – додаде тој.