
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска оцени дека западните земји се обидуваат дополнително да го разгорат конфликтот во Украина.
Путин во своето обраќање пред учесниците на конференцијата за меѓународна безбедност, што се одржува во Москва, рече дека ситуацијата во Украина е пример за „долевање масло на огнот“ на западните земји.
„Со пумпање милијарди долари во неонацистичкиот режим, снабдување со опрема, оружје, муниција, испраќање воени советници и платеници, се прави се за дополнително да се разгори конфликтот, да се вовлечат и други земји во него“, нагласи Путин, пренесува Известија.