
Центарот за управување со кризи информира за давеник во Дојранското Езеро, кој денеска околу пладне исчезнал во водите на езерото.
Лицето не е пронајдено и е непознато.
Настанот се случил кога лицето било качено на педелинка која најверојатно се превртела, а лицето не знаело да плива.
Нема податок дали давеникот носел безбедносен елек.
Видливоста во езерото е само до еден метар длабочина.
Местото каде се претпоставува дека се удавил има многу трски и алги.
Побарана е помош од специјалните нуркачки единици на МВР.