
Бројот на загинати во шумските пожари на Хаваите се искачи на 89
Бројот на загинати во шумските пожари што го зафатија островот Мауи на Хаваите се искачи на 89, а тамошните власти објавија дека потрагата и идентификацијата на жртвите се уште е во „рана фаза“.
Ова е најголемиот број жртви во еден шумски пожар во последните 100 години.
Спасувачките тимови со кучиња пребарале само три отсто од областа, изјави началникот на полицијата во Мауи, Џон Пелетиер.
Тој предупреди дека бројот на жртви ќе се зголемува и дека се уште никој не знае колку може да има.
Најмалку 2.200 објекти беа оштетени или уништени во Западен Мауи, од кои 86 отсто беа станбени.
Штетата на целиот остров била проценета на околу шест милијарди долари.