
Шумски пожар избувна синоќа во ридската област Неа Перамос, недалеку од Атина, по наплатната рампа на автопатот кај Елефсинос.
Грчката телевизија ЕРТ јави дека силни сили на Противпожарната служба го изгаснале пожарот на лице место, а патот кон Коринт кој бил затворен е повторно пуштен за сообраќај.
Пожарот избувнал околу два часа по полноќ и брзо се проширил, со оглед на тоа што на ова подрачје дува силен ветер кој го турка огнениот фронт кон планината.
Како што соопшти Противпожарната служба во 04:00 часот утринава, во околината има неколку куќи, но тие не се директно загрозени од пожарот.
Во акцијата за гаснење на пожарот учествуваат 58 пожарникари со 21 противпожарно возило.