
Претседателот на Полска, Анджеј Дуда го обвини Владимир Путин дека сака да ја освои Европа и инсистира дека Русија мора да биде запрена во Украина, каде животот е евтин.
Во интервју за Вашингтон пост, од него беше побарано да одговори за американските конзервативци кои се противат на испраќање дополнителна воена и финансиска помош за Украина.
„Многу е едноставно. Во моментов рускиот империјализам може евтино да се запре, бидејќи американските војници не умираат“ вели тој.
Според него, Путин се обидува да ја врати „царската територија“.
Тој рече дека Западот треба да ја запре Русија сега, пред „американските војници да ја пролеат својата крв и да ги загубат животите во Европа за да го вратат мирот и слободата во светот“.
Дуда предложи прием на Украина во НАТО како најдобар начин да се спречи Кремљ. Тој призна дека е разочаран што Киев не добил официјална покана за блокот предводен од САД за време на минатомесечниот самит на НАТО во Литванија.
Исто така, рече дека планира да ја натера администрацијата на Бајден да обезбеди Киев да добие покана следната година.