Тројниот убиец од Градачац, Сулејмановиќ се самоуби пред очите на полицијата

Убиецот Нермин Сулејмановиќ, кој денеска уби најмалку три лица во Градачац, се самоубил пред очите на полицијата, дознаваат босанските медиуми

Сулејмановиќ прво ја убил сопругата, а злосторството го пренесувал во живо на Инстаграм.

Тој не застанал тука и продолжил со крвавиот чин. Како што потврдија за Кликс од Обвинителството на кантонот Тузла, најмалку три лица се убиени.

Исто така, има и неколку ранети. По ова тој повтроно се вклучил во живо на Инстаграм од непозната локација. Таму зборуваше за тоа како ги извршил убиствата. Покрената е голема полициска акција, а како што јавува Кликс тој потоа се самоубил пред очите на полицијата.